(ВИДЕО) Николова: Стоп за насилството врз жените и ратификација на Истанбулската конвенција

0
1069

Screenshot_51

Интегрален текст од изјавата на претседателката на Форумот на жени на ЛДП, Јулиана Николова:

Ден по завршувањето на кампањата „шеснаесет дена активности“ против родово базирано насилство, Форумот на жени на ЛДП ги заокружува и своите активности во насока на подигнување на свеста за решавање на овој проблем како и негово правилно третирање и најавува и дека продолжува и понатаму со серија активности, трибини, округли маси и работилници посветени на оваа тема.

Во оваа прилика ЛДП уште еднаш јавно ја искажува поддршката на барањето за ратификација на Истанбулската Конвенција која е потпишана уште 2011 год и претставува меѓународен документ со досега најсеопфатни законски решенија и политики за заштита од насилство врз жените. Сметаме дека правната рамка на Истанбулската Конвенција и нејзината имплементација ќе дадат значаен придонес во изградбата на демократско општество, социјална инклузија и усогласување со вредностите на Европската Унија против родовата нееднаквост. Воедно, ЛДП дава целосна поддршка во иницијативата на Либералната Интернационала за спроведување на кампањата за глобализација на конвенцијата во светски рамки, бидејки почитувањето на човековите права е темелна вредност на либерално – демократската идеја и единствена насока во изградбата на современо општество.