(ВИДЕО) Нема пари за трето дете за невестите од Албанија

0
1060

Старите ергени од источниот дел на земјава се скрасија со момите од Албанија. Добија парични субвенци, вино и ракија од општините, но не можат да добијат паричен надоместок за трето дете. Две пробиштипски семејства на кои сопругите им се Албанки останаа без овој паричен надоместок за третата рожба, бидејќи мајките немаат вкупно три години македонско државјанство. Стевче Митевски од пробиштипското село Долни Стубол веќе две години бара одговор од институциите, зошто неговата сопруга Лиза е одбиена да добива паричен надоместок за трето дете, има уреден пријавен престој од 2007 мата, државјанство од 2012 година, a синот го родила 2013 година, пренесе Телма.

Побарал и средба со премиерот, на сите политички трибини го презентирал проблемот, му било ветено дека ќе се најде решение, но одговор се уште нема од функционерите.

Во решението со кое се одбива семејството Митевски стои дека мајката Лиза немала три години државјанство кога го поднела барањето за добивање на паричен надоместок за трето дете. И покрај тоа што законот е јасен Стевче вели дека во моментов го тужи министерството за труд и социјална политика, зошто не добиваат пари за неговата трета рожба. Ова семејство егзистира со 3000 денари социјална помош, ниви немаат за да се ориентираат на земјоделство. Барал и да го вработат како татко на три деца, но одговорот од институциите бил дека компјутерот не го избрал.

Митевски се грижливи родители кон своите две ќеркички и еден син. Лиза се навикнала на животот во селото Долни Стубол, нејзината сестра и е прва сосетка.

Во ова планинско село има над 10 ергени, кои се уште не стапнале на лудиот камен, бидејќи како што вели Стевче локалните моми сакаат да живеат во градот, па единстена шанса на ергените за да формираат семејство и да добијат деца им се момите од соседна Албанија.

Видеото ОВДЕ