(ВИДЕО) Наумов: СДСМ спречи огромно задолжување на граѓаните

0
1167

Денеска, расипничката власт на Никола Груевски ја спречивме во намерата да продолжи со енормното задолжување на граѓаните. Успеавме, заедно со граѓаните, планираниот износ за еврообврзницата од 500 милиони евра да го преполовиме, вели Кире Наумов, дополнителен заменик министер за финансии и претседател на Комисија за финансии на СДСМ.

Издадена е четвртата еврообврница на износ од 250 милиони евра за буџетски потреби и дополнителни 20 милиони евра строго наменски планирани за бегалската криза.

СДСМ нема да дозволи заради неразумните трошења на власта граѓаните да останат без плати, пензии, социјална помош.

Но, исто така СДСМ нема да дозволи неразумните и недомаќински политики на Груевски да бидат товар на идните генераци.

Затоа го ставив мојот потпис за задолжување во висина од 250 милиони евра,средства неопходни за исплата на плати,пензии,социјална помош, субвенции за граѓаните на РМ.

Четвртата евробврзница е со рочност од 5 години, со цел обезбедување на што пониска каматна стапка.

Не дозволивме неразумно задолжување од дополнителни 250 милиони евра што власта ќе ги искористеше за изборна корупција.

Странските баки, ги испочитуваа измените во Законот за Влада и не информираа дека без моја согласност, моја и на актуелниот министер, согласно законот, нема да пристапат кон реализација на еврообврзницата.

Предупредуваме,владата може да се обиде да го надомести предвиденото задолжување на домашниот пазар од домашните банки. Домашните банки, исто како и водечките светски, мора да го почитуваат правилото на двоен потпис. Домашните банки не смеат да си дозволат да бидат соучесници во незаконско и неконтролирано задолжување на државата.

Почитувани граѓани, еве зошто опозицијата бараше застапеност во клучните ресори на владата на Груевски. Денес на дело покажавме како во иднина ќе управуваме со јавните финансии. Денес покажавме дека наша грижа ќе бидат не само сегашните,туку и идните генерации.

Во периодот до изборите СДСМ ќе ги спречи сите злоупотреби на штета на државата и правата на граѓаните…

Го повикувам Никола Груевски, да престане да ги лаже граѓаните за виртуелните економски успеси на владата. Го повикувам да излезе пред граѓаните и јавно да ја соопшти вистината за вкупниот долг на Република Македонија и да објасни зошто на државната сметката нема пари за основните потреби на граѓаните?