(ВИДЕО) Наумов: На потег е ДИК, постојаното задолжување на државата мора да престане

0
1040

Дополнителниот заменик министер за финансии Кире Наумов денеска изјави дека без негова согласност Министерството за финансии донело одлука за нова аукција на домашниот пазар за хартии од вредност која треба да се одржи утре.

– И по донесувањето на одлуката на Управниот суд на Република Македонија со којашто ја прифати мојата тужба  и со која де факто се поништи одлуката на Државната изборна комисија (ДИК) министерот за финансии Зоран Ставрески распиша нова аукција на домашниот пазар  за хартии од вредност која треба да се одржи утре. И оваа одлука за распишување аукција на домашниот пазар е донесена  без согласност со дополнителниот заменик министер за финансии, изјави Наумов.

Од 22 декември кога ја поднесовме тужбата до Управниот суд, тврди Наумов, Министерството за финансии  знаејќи дека одлуката може да биде оспорена распиша пет, а одржа четири  аукции на домашниот пазар на хартии од вредност.

– Во овие четири аукции  државата се задолжи за  78 милиони евра. Во истиот период доспеваат 32 милиона евра за враќање. Тоа значи дека се направи  нов нето долг од 46 милиони евра без согласност на дополнителниот заменик министер, рече Наумов.

Тој додаде дека најдобронамерно  бара клиентите на домашниот пазар утре да бидат претпазливи имајќи ја предвид одлуката на Управниот суд.  – Ова самоволие и едностраност на задолжување  на државата мора да претсане заради доброто на РМ. На потег е Државната изборна комисија, рече Наумов.

Одговарајќи на новинарски прашања Наумов рече дека со ветото бараат аукциите да постојат, но тие постојано исто како и евробврзницата околу рочноста, каматата и висината да бидат распишувани со согласност  помеѓу министерот и дополнителниот заменик министер за финансии.
Прашан до кој лимит државата може да се задолжи, Нуамов рече дека тоа е неограничено  и, според него, сосема погрешно.