(ВИДЕО) Министерот Спасовски испитува кој дал налог полиција да влезе во УКИМ

0
1376

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски изјави дека побарал од Секторот за внатрешни рабвоти Скопје да подготви информација кој им дал задача на полицајците да влезат на универзитетскиот кампус Свети Кирил и Методи.

policija_pred_ukim_0-670x345

-Побарав од секторот кој ја дал таа задача и од кого и какво е барањето да се влезе во Универзитетот. Информацијата од началникот е дека тоа е направено од превентивна причина заради можна ескалација. Меѓутоа секако дека тоа е недозволено и јас чекам да ги добијам целосните информации, рече Спасовски во изјава за Телма и додаде дека дал задача да се утврди како некои полицајци влегле во Универзитетот.

Министерот барал да се дознаат и информациите кој стои зад сечењето на дрвата, кој го дозволил тоа, кој гради во кампусот бидејќи во вчерашните реакции сите надлежни институции се прогласиле за ненадлежни.

Засега уште не е соопштено кој барал полиција во автономната универзитетска зона и зошто за таа цел на која се повикувал началникот на СВР Скопје не е употребено обезбедувањето на кампусот

Видеото ОВДЕ