(ВИДЕО) Марковски: Здравствениот дом во Илинден се распаѓа

0
1431

Пред извесно време имавте можност да слушнете директно од Никола Груевски како во Општина Илинден тече мед и млеко. За жал реалноста во Илинден е многу сурова и тажна. Еве погледнете, Здравствениот дом во Илинден се распаѓа, пациентите треба да внимаваат да не добијат некоја зараза од руинираните тоалети. Условите во оваа амбуланта се катастрофални, хиегиената е под секое човечко достоинство, санитарните јазли  се запуштени, а пациенти во редици чекаат со часови да дојдат на ред, изнемоштени и незадоволни од постојните услуги, вели претседателот на ОО СДСМ Илинден, Мишо Марковски.

5

Имено, амбулантата во с.Илинден којашто нуди здравствени услуги на повеќе од 8 илјади осигуреници, има само тројца лекари и не повеќе од 8 медицински сестри, како и еден хигиеничар којшто деноноќно работи како волонтер за 4.500 денари.

Самиот факт што во 21 век, нема здравствен дом во Илинден, населено место близу Скопје, јасно покажува дека за Никола Груевски во изминатите 10 години најважни биле провизиите и бизнисте а не интересот на граѓаните.

Ниедно ветување од Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ за подобра здраствена заштита не е исполнето.

Ја нема ветената изградба и санација на нови простории во амбулантата. Нема возило за брза помош. Нема дежурна служба, па пациентите се приморани услугите да ги добиваат во најблиската амбуланта.

Се потрошија 630 милиони евра за споменици а граѓаните немаат основни здравствени услуги. Со само 20 милиони евра ќе се обезбедеа дури 80 нови амбуланти за населните места во Македонија. Тендерите и бизнис зделките за Груевски и ВМРО-ДПМНЕ беа поважни од здравјето на граѓаните.

Кога СДСМ ќе ја преземе одговорноста што ќе и ја дадат граѓаните, ќе ги промени приоритетите и парите ќе ги насочи кон решавање на проблемите во здравството, во интерес на граѓаните.