(ВИДЕО) Манчевски во виничко: Поради криминалното владеење на фамилијата нема водоводи и патишта

0
885

Потпретседателот на СДСМ, Дамјан Манчевски и членот на Извршниот одбор Драган Тевдовски вчера беа помеѓу граѓаните на Виница, Трсино и Градец, виничко.

„Жителите на Трсино и Градец излегоа во голем број. Отворено зборуваа за проблемите коишто им го отежнуваат секојдневнието.

Во 21 век овде во Трсино немаме пат, немаме канализација, немаме водовод. Основни работи. А давачки еден куп, сметки… Половина од младите се иселија во Италија, иднината ни е надвор од државата. Ама на телевизија нема ништо за тешката реалност во којашто живееме овде, во Источна Македонија, рече еден од жителите во Трсино“, пишува во соопштението на СДСМ.

– Поради криминалното владеење на Груевски и фамилијата немате нови патишта, немате водовод и канализација. Ама затоа во Скопје има споменици од 630 милиони евра, фонтани, барокни фасади. Тоа беа приоритетите на Груевски за лично богатење. За СДСМ приоритет е градењето на стабилно, слободно и еднакво општество на сите граѓани. Ние немаме друга татковина, Никола Груевски го има Белизе, рече Манчевски

D.Manchevski-f1

– Само во Сител, Канал 5 и Алфа, во последниве три години завршиле 13 милиони евра. Тоа се пари на сите нас, пари на граѓаните. Додека граѓаните мака мачат да врзат крај со крај овие медиуми со народни пари шират невистини. Затоа Груевски и ВМРО-ДПМНЕ не сакаат слободни и објективни медиуми, додаде потпретседателот Манчевски.

Манчевски и Тевдовски со граѓаните разговараа и за мерките од Програмата на СДСМ.

На средбата со пензионерите во Виница Тевдовски истакнаа дека Владата на СДСМ ќе обезбеди достоинствена старост, државна социјална пензија наместо бомбардирање со проекти коишто не даваат никакви резултати.