(ВИДЕО) Манчевски: Оставка на Коце и нови избори за градоначалник

0
1381

Damjan-Manchevski-640x320

Коце Трајановски и ВМРО-ДПМНЕ и официјално се откажаа од Скопје и скопјани.

Додека граѓаните се гушат во загаден воздух Никола Груевски и Коце Трајановски расипнички ги трошат парите на граѓаните на раскош и луксуз.

Со Буџетот за 2016 година Никола Груевски и Коце Трајановски сакаат да продолжат по старо.

Само за нови барокни фасади Коце Трајановски планира да потроши нови 5,7 милиони евра. За нови плоштади и фонтани уште дополнителни 3 милиони евра. А само за одржување на фонтаните и спомениците уште 500 илјади евра. За Градската куќа следната година ќе се потрошат нови 2,6 милиони евра“, изјави на денешната прес конференција Дамјан Манчевски, потпретседател на СДСМ и координатор на советничката група на СДСМ и коалициските партнери во Советот на Град Скопје.

„Врв на забеганоста, безобразлукот и луксузирањето се 500 илјади евра за пристапни површини околу гламурозното партиско седиште на ВМРО-ДПМНЕ.

Приоритет за Коце Трајановски е партиското седиште на ВМРО-ДПМНЕ а не изградбата на комунална инфраструктура, за цело Скопје бидејќи за цела година предвидени се 750 илјади евра. За Коце Трајановски, партијата секогаш била и ќе биде поважна од граѓаните на Скопје.

За скопјани, за СДСМ и коалицијата, овој буџет е апсолутно неприфатлив.

Со овој буџет Скопје ќе продолжи да се задушува во загадениот воздух. Ќе нема нови училишта, ќе нема гасификација, ќе нема бесплатен јавен превоз за студентите секој ден, итн.

Со амандманите кои ги поднесовме бараме повеќе пари за: реконструкции на училишни згради, за надвозници и пешачки мостови, изградба и реконструкција на велосипедски патеки, субвенции за велосипеди за граѓаните, мерки за намалување на загаденоста на воздухот, повеќе паркови и зеленило, гасификација на средните училишта, бесплатен јавен превоз за студентите секој ден, бесплатен здрав оброк за учениците во средните училишта, расчистување на диви депонии и многу други мерки кои ги решаваат проблемите на граѓаните на Скопје.

Коце Трајановски и ВМРО-ДПМНЕ не работат во интерес на граѓаните и за тоа има само едно решение. Оставка на Коце Трајановски и нови избори за градоначалник на Скопје“, рече Манчевски.