(ВИДЕО) Манчевски: Наместо 35 милиони евра за нова зграда на НБРМ, инвестиција во РЕК Осломеј

0
1276

Продолжува расфрлањето со раскош и луксуз на ВМРО-ДПМНЕ и Никола Грувски. Нови над 35 милиони евра, за раскошна и луксузна зграда, овој пат на Народна Банка на Република Македонија, покрај веќе потрошените 630 милиони евра, народни пари на Скопје 2014, пари со коишто можеа да се отворат стотици илјади нови работни места, вели Дамјан Манчевски, потпретседател на СДСМ.

Бараме веднаш да запре изградбата на луксузната зграда на Народната Банка.

Овие пари можат да се искористат за изградба на филтри на оџаците на РЕК Осломеј, филтри коишто ќе овозможат чиста еколошка електрична енергија, филтри коишто ќе го намалат загадувањето на градот.

Оваа инвестиција ќе значи повторно рестартирање со целосен капацитет на РЕК Осломеј.

Оваа инвестиција може да значи и нови работни места за сите граѓани на Кичево, ова е од особено значење и за заштита на животната средина, и за отворањето на нови работни места.

Но, ова е особено значајно и за да го зголемиме произвотството на електрична енергија и да се намали увозот на струја, којшто само на годишно ниво, достигнува околу 300 милиони евра.

Македонија години наназад, увезува повеќе од 40% од потребите на својата електрична енергија и затоа мораме да инвестираме во овие капацитети коишто веќе постојат, а кои што пропаѓаат.