(ВИДЕО) Котески: Талески да ги каже имињата на лицата од предметот предаден на обвинителката Јанева

0
1404

СДСМ од Битола го прашаува градоначалникот на Битола Владимит Талески чии се иницијалите кои се посочени во кривичниот предмет што специјалното обвинителство го добило од Основното јавно обвинителство Битола.

– Со цел да добиеме одговор на повеќе акумулирани прашања го повикуваме Владимир Талески како прв човек во општина Битола, после опструкција од 11 месеци да се појави на седница на Совет на Општина Битола и да не удоволи со одговори.Кои се луѓето со иницијали В.Т. и С.Б. за кои постои кривичен предмет под КО бр.636/15 за кривично дело Злоупотреба на службената положба и овластување од чл.353 од Кривичниот законик?Кога и како овие лица ја злоупотребиле службената положба? Која оргинална писмена документација е одземена од Општина Битола, од Агенцијата за катастар и од Управата за јавни приходи?Кое лице е викнато на распит во Обвинителството и кога?Дали лицата со горенаведените иницијали се вработени во некоја од овие институции?- праша советникот на СДСМ, Благојче Котески.

Котески предлаг ако Талески не ги даде одговорите, тогаш да одговори ВМРО-ДПМНЕ.