(ВИДЕО) Кирацовски: Барам Груевски веднаш да престане со казните за администрацијата!

0
1002

„Почитувани административни службеници, почитувани граѓани, почитувани претставници на медиумите,

Најостро се спротивставувам на казните со коишто треба да се соочи администрацијата поради грубиот и политички мотивиран Закон за административни службеници, донесен од страна на власта на Никола Груевски.

Барам, нелогичното оценување на административните службеници за 2015 година да не важи, а казните да не се спроведат“, рече на денешната прес конференција, Александар Кирацовски, дополнителен заменик министер за информатичко општество и администрација.

„Инсистирам одредбите од законот што го предвидуваат оценувањето, да бидат ставени во мирување.

Потребни се квалитетни решенија што ќе ја мотивираат администрацијата да работи, а не одредби за притисоци и злоупотреби во политички цели.

Информирам дека админстрацијата, според овој закон, се соочува со брутални, неправедни казни што се внесени во законот како инструмент на власта на Груевски за уцени и контрола.

Почитувани административни службеници, знам дека денеска, согласно законот донесен од мнозинството на ВМРО-ДПМНЕ, заврши рокот за пресметката на годишното оценување на вашата работа.

Власта на Груевски според овој закон ќе подготвува казни за вас кои сте во последните 5% од ранг листата на оценување, без разлика дали сте оценети со оценка 1, 2, 3, или 4, на скала од 1 до 5.

За апсурдот да биде поголем, според донесениот закон, ќе бидат казнети и вработени со оценка 4.4 што е на граница помеѓу многу добра и одлична работа, само затоа што се нашле во фамозните 5 проценти кои мора да примаат помала  плата, половина година!

Дел од административните службеници поради тој закон се соочени и со најстрогата казна – престанок на работниот однос, иако е тоа нивно прво оценување.

Почитувани, знаете ли кој ги оценува административните службеници?