(ВИДЕО) За прв пат стратешките бомбардери на Русија жестоко удрија по позициите на Исламската држава!

0
1613

564b4344c46188a4258b45e6

Руското министерство за одбрана ја објави првата снимка од воздушните напади со стратегиските бомбардери Ту-95, Ту-22 и Ту-160 врз позициите на Исламска држава во Сирија, јавува Раша тудеј.

Неколку бомбардери со долг дострел полетуваат и се враќаат во руските воени бази по нападите врз џихадистите во Сирија.

„Русија ја прераспореди својата флота стратегиски бомбардери за да ги удвои нападите врз Исламска држава во Сирија“, изјави министерот за одбрана на Русија Сергеј Шојгу.

Претседателот на Русија Владимир Путин ѝ нареди на морнарицата да ги координира своите операции со француските поморски сили во Медитеранот, односно со флотилата што го придружува носачот на авиони Шарл де Гол.

„Француската поморска единица предводена од носачот на авиони наскоро ќе влезе во вашиот сектор. Треба да се воспостави директен контакт со Французите и со нив да се соработува како со сојузници“, кажа Путин.
https://www.youtube.com/watch?v=S_ItAPHJSUU
https://www.youtube.com/watch?v=igzjX1IKULw