(ВИДЕО) Заев за Ал Џезеира Балканс: Најмалку над 100.000 непостоечки гласачи во избирачкиот список

0
1442

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев во интервју за Ал Џезеира Балканс најавува дека нема никакви шанси опозицијата да излезе на изборите на 24 април.

Две се клучни причини за ваквата најава, објаснува Заев. Прво е избрачкиот список кој не е прочистен и на него се наоѓаат мртви и избирачи пријавени по два пати, а такви според информациите кои ги има опозицијата се над 100.000 или 12 проценти. Изборите може да ги пресудат неколку проценти од гласачите и затоа опозицијата нема да се согласи да излезе на 24 април. Според Заев потребни се повеќе од сто дена, што значи дека изборите би биле на почетокот на летото.

-Се надеваме дека нема да има потреба за бојкот на изборите, знаат и малите деца дека не може да се исполнат условите до 24 април — прочиситување на избирачкиот список и регулација на медиумите. Но, ако има избори на 24 април опозицијата сигурно опозицијата нема намера да телевизија да ги гледа изборите, рече Заев.

Водителката Мирјана Хрга ги критикуваше ВМРО-ДПМНЕ кои повторно одбиле да учествуваат во емисијата иако неколку дена контактирала и чекала одговор од партијата.

Гостин во емисијата “Контекст“ беше и Петрит Сарачини од Македонскиот Институт за Медиуми. Повеќе од видеото.