(ВИДЕО) Заев го посети првороденото бебе во струмичката болница

0
1486

Градоначалникот на општина Струмица, Зоран Заев, денеска го посети првото бебе родено во струмичката болница во Новата 2016 година.

Девојчето тешко 2,5 килограми е прва рожба на Кети Миладинова од Струмица. Честитајќи им ја Новата година, градоначалникот Заев на бебето и на мајката им посака многу здравје и среќа, а на новороденчето му подари штедна книшка со 20 илјади денари.

4

-Да посакаме новата рожба да донесе бериќет, среќа, успех исполнување на плановите, секако на детенцето, на неговото семејство, но и на сите граѓани на нашата општина Струмица, рече градоначалникот Заев.