(ВИДЕО) Заев: Терористите од Париз исти како оние од Куманово

0
1096

zaev-1_0

Медиумот „Коха“ објави видео на кое лидерот на СДСМ, Зоран Заев на настан во Љубљана организиран од „Ифимес“ говори за случувањата во Куманово од 9 и 10 мај, во кои животот го загибија осум припадници на безбедносните сили и 10 терористи.

Заев овие трагични настани ги споредува со терористичките напади во Париз.

-Случувањата во Кумаово се истотака терористички акт како што го видовме во Париз. Еден од тие луѓе кои влегоа во центарот на Куманово, се повратници од Сирија, тие се бореле таму, исто како што се бореле луѓето што направиле терористичките напади во Париз или што ја поставија бомбата во рускиот авион.