(ВИДЕО) Заев: Избори на 24 април нема да има, нема да дозволиме сценарија за одбрана на мафијата

0
958

Во Македонија нема услови за фер и демократски избори на 24 април. Она што постојано го говоревме е директно потврдено од меѓународната заедница, од ЕУ и САД. Нема услови за регуларни и кредибилни избори затоа што не е прочистен избирачкиот список и не се спроведени реформите за слободни медиуми, изјави лидерот на СДСМ, Зоран Заев на денешната прес конфeренција.

 

Потврдено е се’, фер избори на 24-ти април не може да има!Потврдено е сé, фер избори на 24-ти април не може да има!Она што постојано го говоревме директно е потврдено и од меѓународната заедница, од ЕУ и САД. Вистината е болна за Никола Груевски. Тој ги направи изборите на 24-ти април невозможни. Времето на демократски промени во Македонија доаѓа. Ниту едно сценарио тоа не може да го спречи.

Posted by Zoran Zaev on Monday, February 22, 2016

– Груевски вчера избега од објективната оцена и од соочување со вистината. Вистината е болна за Груевски. Тој ги направи изборите на 24 април невозможни. Фер избори на 24 април не може и нема да има. Било какво инсистирање на нерегуларни избори само заради спас на кожата на Груевски и фамилијата ќе ја втурне Македонија во драматична криза со несогледливи последици. Во Македонија мора да има фер кристално чисти избори со слободно изразена волја на граѓаните. Потврдени избори од меѓународната заедница. Нема да дозволиме сценарија за одбрана на криминалот и корупцијата на мафијата во власта. Никој не може повеќе да ја држи Македонија во заложништво – рече Заев.

Како што рече Заев, на Македонија и се неопходни избори час поскоро, но без фантомски гласачи, притисоци и окупирани медиуми, на кои ќе одлучат граѓаните а не мафијата.

– Времето на демократски промени во Македонија доаѓа, ниту едно сценарио на Груевски не може да го спречи. Доаѓаат промени на слободни и деморатски избори. Ја враќаме слободата во Македонија. Институциите ќе профункционираат, тие што го прекршиле законот ќе одговараат. Македонија ќе биде слободна, демократска и европска држава со европски вредности – рече Заев во обраќањето до јавноста.