(ВИДЕО) Заев: Ќе ја укинеме радиодифузната такса, медиумите ќе бидат слободни

0
972

Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ не сакаат слободни медиуми. Контролирани и зависни медиуми за контролирани граѓани, тоа е целта на Никола Груевски. Затоа лагите на провладинте медиуми се платени со милиони евра, пари на граѓаните. Стравот кај Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ е стравот од вистината за катастрофалната реалност, што ќе ја дознаат граѓаните, рече претседателот на СДСМ, Зоран Заев.

На секој граѓанин му е јасно, без регулација на медиумите и без прочистен избирачки список нема да има фер и демократски избори.

Слободни и независни медиуми се клучни цели на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија.

Затоа, со промена на власта СДСМ ќе им гарантира на новинарите слобода да истражуваат и да информираат за сите случувања во државата, заштитени од притисоци

СДСМ ќе обезбеди почитување на новинарската професија и слобода за изнесување на различни ставови.

Одговорен уредник на медиумите во државата нема да бидат владата и владејачките партии.

Радиодифузерите ќе добијат еднаков третман во насока на развивање на здрава конкуренција меѓу медиумските куќи.

МРТВ, ослободена од политички и други влијанија, ќе ја остварува улогата на вистински јавен сервис, целосно независен, непристраен и професинален, како силен идентитетски столб.

Ќе ја укинеме Радиодифузната такса што ја плаќаат граѓаните.

Регулаторните тела, како Агенцијата за медиуми (АВМУ), ќе бидат независни, транспарантни и професионални во својата работа.

Ќе ги вратиме јавните дебати како суштина на демократијата. Носителите на власта ќе имаат обврска редовно да се појавуваат на јавни дебати и соочувања со опозицијата во медиумите.

На тој начин ќе создадеме медиумски простор за непристрасно и објективно информирање на граѓаните.

Тоа е целта на СДСМ, слободни медиуми за слободни граѓани.

Затоа што само вистински информираните граѓани може слободно да донесат одлука за иднината на својата држава, рече Заев.