(ВИДЕО) Драган Антоновски: Новинарите пишуваат за другите, а немаат храброст да признаат дека се експлоатирани од газдите

0
1584

драган-24-1024x551

Премиeрот Никола Груевски има право, економски зависен човек не е слободен човек, а новинарите се зависни од газдите, медиумите од партиите, демократијата од власта и тука сме сите во кругот. Новинарите се срамат или избегнуваат да пишуваат  за себе. Бегаат од тоа да признаат дека се експлоатирани, дека добар дел од нив се извршители на нарачките на политичките и бизнис елити, на партиските центри, вели во емисијата „За Животот “ на Огнен Јанески на ТВ 24 вести.

„Новинарите пишуваат за ситe: за социјала, за рударите, за текстилните работници, за стечајците. Но, се срамат, се плашат или не знам што, но немаат храброст да зборуваат отворено за колку работат, како тие се експлоатирани,  и што сè не трпат како притисок за да останат на работа.

Нема  страна во работничките права, ниту провладини ниту опозицииони, кршењето на работничките права ги погаѓа сите, и тие со власта и објективните и опозиционите новинари, нема тука двојби. Една е новинарската страна и медиумските работници и наспроти нас се газдите и тие кои им дозволуваат да нè тероризираат и кои се соучесници и ги покриваат. Има дефинирани правила“.

„Газдите мора да го сменат пристапот, ако сакаат да се вистински газди. Како во светот има медиумски магнати и новинарски ѕвезди и сите се платени, значи се заработува од тој бизнис и ако ги плаќаш новинарите, а не само да ги цедиш, значи има профит и респект за сите и за новинарот и за професијата. Во Македонија некој тоа намерно го утнува и дозволува.“

„Синдикалаизмот мора да го добие своето место, и не е до газдите, ниту само  до политичарите туку и до самите нас новинарите. Да, слободата е скапа работа, но мора сами да се избориме за таа победа“, вели Антоновски . „Мора новинарите да научат и да прават разлика што е ЗНМ што е ССНМ што се работнички праваа, а што професионални стандарди, и мора да ја свртиме камерата кон нас, не само кон другите. Вратите на Синдиктот се отворени , повелете приклучете се, сега е избор  на ново раководство,  не стојте од страна,  ова е наша борба“.

„Документарниот филм што доби награда на интернационален  фестивал  „Интерфер“ на јубилејното 20-то издание,  во  Македонија ако не беше ТВ 24 Вести , немаше ни да биде прикажан. Да,  знам дека не можеш да бидеш врач во сопственото село, но мислам дека тоа нешто зборува  за состојбите во државата. Да  добиеш награда за заслуга на слободата на медиумите во  друга држава , на интернационален фестивал , а во твојата држава да не знаат и за кој филм  се работи,  е малку повеќе чудно“ порачува авторот на филмот Драган Антоновски во емисијата„ За животот “ која можете да ја погледнете на ТВ  24 Вести.