(ВИДЕО) Гарет: Има многу работа за кредибилни избори во април

0
1242

57cd0f6e-6683-46a0-b8f9-b8826c56eca9_tv_w443_h249

Одржувањето на кредибилни избори во април следната година значи дека има многу работа во меѓувреме, и потребно е не само политичките лидери во земјата, туку и институциите, медиумите, граѓанскиот сектор да се здружат, да работат заедно преку конструктивна работа за исполнување на таа цел, вели британскиот амбасадор Чарлс Гарет во неделното интервју на Радио Слободна Европа.

На прашањето, како ќе влијaе постигнатиот договор за обврските од Пржино врз извештајот на Европската комисија за Македонија, тој вели:

– Комисијата би требало да се произнесе по тоа прашање и наскоро ќе дознаеме. Мислам дека е одлично што имаше договор, тоа е чекор напред за Македонија и им честитам на сите вклучени во процесот. Извештајот ќе содржи повеќе препораки за Македонија и информации за состојбата на демократијата и владеењето на правото, но и за другите области во Македонија. Затоа е битно да се погледне содржината, да се има предвид при идните чекори за земјата – вели Гарет.