(ВИДЕО) Вработените од МЗТ Леарница си ги бараат платите

0
1141

Денеска штрајкуваа работниците на фабриката “МЗТ Леарница“ во Скопје, поради неисплатени 4 плати и тешките работни услови. Директорката на фабриката Виолета Стојковска дала наредба за нивно отпуштање од работа. Работниците бараат да им се исплатат 4 плати бидејќи останале без финансии за егзистенција, пренесе Тв21.

https://www.youtube.com/watch?v=QoqnqhwrBCc

„Тука нема никакви правила за платите, како може еден еден сектор да земат плата, а ние да не земаме, со каква причина? Во какви услови работиме, добро е што сме живи и на нозе. Колку ќе трае ова ќе видиме, кај нас нема повеќе трпение.“, рече Сабедин Османи.

Директорката на Виолета Стојковска изјави дека овие луѓе нема да ги земат платите штрајкувајќи. Таа потенцираше дека тие треба да работат на три смени за да ги земат неисплатените плати.

Штрајкувачите велат дека ќе бидат упорни со штрајкот, додека не им се исполнат барањата.