(ВИДЕО) Ахмети му го РОКНА НОЖОТ на Грујо, почна да „пее како што Бејли му свири“: ДУИ е на иста линија со меѓународната заедница!

0
1574

ахмети вл

Пред присутните новинари се обрати лидерот на ДУИ – Али Ахмети кој рече дека неговата партија е на иста линија со меѓународната заедница и оти партиите не смеат да дозволат Договорот од Пржино да пропадне, пренесе НОВА.

-Како што гледате се одвиваат многу интензивни средби помеѓу сите политички субјекти, со присуство на меѓународната заедница кои се олеснувачите на Договорот кој беше постигнат со согласност од сите страни. Сега веќе сме ставени во незавидна ситуација при што нема согласност од сите домашни страни да се почитува Изборниот законик, кој што сме го гласале во Собранието во Република Македонија заеднички со 108 гласа со што го одредивме и датум 24. април. Притоа сите анализи се направени, сите контакти и со домашните политички партии и со меѓународната заедница, но има простор да се разговара и преговара во врска со тие неисполнети прашања во Државната изборна комисија, рече Ахмети.

На прашање дали ДУИ смета дека изборите треба да се одложат или не, Ахмети не даде прецизен одговор, но посочи дека ДУИ нема да влезе во конфронтација со меѓународната заедница.

-ДУИ е во иста линија и комуникација со меѓународната заедница, ние сметаме дека средбите треба да продолжат и да се постигне компромис и согласност меѓу сите страни за да не дозвоиме Договорот да пропадне. Пропаѓањето на тој Договор значи почеток и продлабочување на политичката криза во Македонија. Македонија нема потреба од политичка криза, туку завршување на актуелната криза, затоа апелираме до сите партии да најдеме заедничко решение, рече Ахмети.

Видеото ОВДЕ