(ВИДЕО) Ангелов: Зошто специјалците се испратени како „јагниња на клање“ кога се знаело што ги чека во „Диво насеље“?

0
1425

Претседателот на Достоинство, Стојанче Ангелов побара доживотен затвор за инспираторите, извршителите, убијците и сите инволвирани во убиството на полицајците во Диво насеље, Куманово.

Тој кажа дека во иднина ќе побараат да се воведе смртна казна за секое убиство на припадник на Полицијата или Армијата на Република Македонија.

На телевизија ги слушав изјавите на обвинетите за злосторството во “Диво насеље“, не можев да верувам дека овие луѓе кои убија осум полицајци, кои осакатија или ранија повеќе од десет полицајци, се чувствуваат како невини. Пукале во самоодбрана, само од кого се бранеле, се бранеле од македонската полиција, во која имаше и Албанци. Знаеме дека има полицаец Албанец кој храбро загина бранејќи ја својата држава, рече Ангелов.

Достоинство бара доживотна казна затвор за сите инспиратори, нарачатели, извршители, учесници, соучесници во овој монструозен настан во кумановско “Диво наеље“, без разлика на етничката припадност. Воедно, како политичка партија, ќе бараме воведување на смртна казна за убиство на полицаец или припадник на армијата. Смртна казна за убиство на полицаец или војник, порача Ангелов.

Тој кажа дека нападот на карулата Гошинце се случи на 24 април, една недела подоцна на 27 април се започнати посебни истражни мерки, против дел од учесниците во нападот на караулата.

-Тоа можевме да го слушнеме лично од јавниот обвинител. Ако од 27 април се следеле лицата кои биле уфрлени на македонска територија, зошто се чекало до 9 мај? Зошто се чекало толку денови оваа група да биде уапсена? Понатаму, зошто кога знаеле колкава е јачината на групата, каде се наоѓа, како е вооружена, и за каков вид на луѓе се работи, зошто на овој начин била изведена полициската акција? Зошто специјалците се испратени како јагниња на клање кога се знаело што ги чека во овие неколку куќи? Зошто акцијата во “Диво насеље“ нема оперативно име? До сега имавме звучни имиња на акции. Дали воопшто постоел оперативен план да биде извршена оваа акција, рече Ангелов и го повика министерот за внатрешни работи да се изврши истрага во овие неколку насоки.

Видеото ОВДЕ