(ВИДЕО) Алаѓозовски: Виде Груевски како помина со Офицерски, затоа се исплаши да ја руши Универзална

0
904

Има две причини зошто Груевски и ВМРО-ДПМНЕ се повлекоа од рушење на Универзалната сала во Скопје. Едната е тендерска, а втората е страв. Груевски и ВМРО-ДПМНЕ видоа како поминаа кога решија да го продаваат Офицерскиот дом во Битола и мораа да се повлечат пред одлучните граѓани кои се спротивставија. Груевски се плаши. Знае дека првиот момент кога ќе удреше со хебла на Универзална сала во Скопје, тоа ќе значеше удар врз спомените и сеќавањата на скопјани, вели Роберт Алаѓозовски, претседател на Комисија за култура на СДСМ.

А веќе го стигнува казната за сите руини што ги направи во 10 годишниот мандат. Универзална сала е културна знаменитост на градот. Тука се случија најдобрите музички концерти во земјата. Граѓаните тука го култивираа својот вкус и фаќаа приклучок со светските случувања на современата музичка и изведувачка сцена. Во Универзална сала се случија театарски и мултимедијални продукции, и настани од популарната култура, што влегоа во културната меморија на градот и на скопјани.

Ете против ова се пресмета Груевски дека не може, посебно не предизборно. Но на ова требаше да мислат Груевски, Коце Трајановски и Елизабета Канчевска Милевска кога ги лажеа граѓаните дека салата не може да издржи реконструкција и мора да се руши. За реализацијата на нивната Јајце идеја издвоени се огромни 25 милиони денари, пари на граѓаните, само за проектантска куќа за салата.

Сега ќе трошат пари од граѓаните за нов проект? Не, тој нов проект, нека го платат Груевски, Трајановски и Канчевска Милевска. Немаат право да трошат нови народни пари.

Оваа тендерска власт за малку ќе го продадеше Офицерски дом – Битола. За 1 милион евра сакаат да го продадат објектот на граѓаните Партизан 4 што врзува генерации низ 30 годишното постоење. Веројатно калкулираат и со провизиите од судбината на Универзална сала.

Но она со што повеќе нема играње е ставот на граѓаните кои порачаа во Битола, а порачуваат и во Скопје: Груевски и власта да ги тргнат валканите раце културно-општетствените споменици.

Новата одговорна власт, што ќе ја добие честа да ја води СДСМ ќе направи деконтаминација, санација и нормализација на културниот систем од тешките последици од неодговорното владеење на ВМРО-ДПМНЕ. Со нови културни политики ќе ги поставиме институциите на културата врз принципите на доброто владеење и на одржлив развој и ќе го спречиме обезличувањето на наследството со културно-општествена вредност.