(ВИДЕО)ТОА СЕ ВАШИТЕ ПАРИ: Спичкани милиони евра на граѓаните, а Тетово две децении е „жедно за вода“

0
938

Како градоначалничката Теута Арифи се буди и се мие без вода? За кога ветува дека ќе го реши „еднаш за секогаш“ проблемот со водата? Сите градски власти до сега потфрлија да обезбедат вода, а сега има и друг проблем – тетовската водоводна мрежа се распаѓа.

Две децении, милиони евра од граѓаните се собрани за непотрошена вода, а граѓаните чешмите ги заменија со пластични шишиња, канти и буриња.

Сторијата е дел од проектот „It’s Your Money” на Фондацијата Метаморфозис која продуцираше шест кратки видео стории за трошењето на општинските буџети наспроти потребите на граѓаните.