(ВИДЕО)Спасовски: СДСМ нема да ги дели општините по партиска линија, како што сега власта го заборави Куманово

0
1713

-Општина Куманово бидејќи е раководена од градоначалник од редовите на СДСМ, власта ја има заборавено, односно  ниту еден проект во овие неколку години од страна на централната власт се нема реализирано- рече Генералниот секретар на СДСМ, Оливер Спасовски во емисијата “Став” на локалната ТВ Плус Куманово.

Тој вели дека со промена на власта, СДСМ нема да ги дели општините по партиска линија, односно без разлика од која партија е првиот човек,  општината ќе има ист третман од централната власт како и оние раководени од СДСМ.