(ВИДЕО)Николовски: Со фaлсификат договор дошол до земјиште првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ во Новаци

0
1400

Продолжуваме да работиме во интерес на граѓаните и да ги откриваме злоупотребите во Министерството за земјоделство.

Денеска, пред јавноста, пред граѓаните, објавувам нови докази и факти зошто министерот Михаил Цветков треба да си поднесе оставка, веднаш!

Ова е класичен фалсификат договор за закуп на земја во село Брод, општина Новаци.

Еве го договорот за краткорочен закуп на 35 хектари земја која прво ја добива таткото на претседателот на Општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ и актуелен претседател на совет на Општина Новаци, Димитрија Мицевски, а потоа на најбезобразен начин, буквално со бришење на неговото име е напишано името на синот, Пеце.

Но, ова не е најголемото прекршување на Законот. Самовилието на луѓето блиски на на Никола Груевски нема крај, што се гледа и од овој (записник) документ . Записникот за воведување во владение на овие 35 хектари земја, се потпишува 10 месеци пред и воопшто да има договор за закуп на земјата. А како претседател на поткомисијата записникот го потпишува раководителот на подрачната единица на МЗШВ во Битола, Илија Србиновски.

Како е ова возможно, како може да се стави во владение нешто за што нема договор?! Како може да се дозволи, а потоа и толерира вакво класично фалсификување на договор за закуп на земја во сопственост на државата кој подоцна е потврден и легализиран од страна на министертвото за земјоделство што се гледа од овој документ. Имено фалсификатот на договорот се прави пред истекот на краткорочниот закуп кога на барање на Илија Србиновски се бара премолчено продолжување на договорот .
Ова е официјален документ на Министерството за земјоделство со кој се легализира фалисификат договорот. Или ова е нешто незамисливо и нон сен во правната пракса.
Оттука прашуваме, дали е ова пракса во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство? Колку вакви премолчени договори има? Колку хектари земја наместо кај вистинските земјоделци, на овој начин завршуваат во раце на луѓе блиски на власта?

На овие прашања треба да одговори министерот Цветков .

Ако за него не беа ништо 10 хектари земја на Илија Србиновски, додека земјоделците молат за парче земја за егзистенција, тогаш еве дополнителен аргумент зошто треба да си поднесе оставка.

Бегање од одговорност нема да има. Секој што го прекршил законот мора да одговара.
Македонија тргна по незапирлив пат кон промени и промените ќе се случат.
Во оваа држава ќе се врати правото и правната држава.
Оставка министре Цветков!