(ВИДЕО)Николовски: Признание за скандалот со храната не е доволно, одговорност мора да има!‏

0
1263

Скандалот со безбедноста на храната, што со месеци се криел од јавноста, мора да се расчисти. Мора да постои одговорност. Никој нема право да си игра со здравјето на граѓаните, порача денеска дополнителниот заменик министер, Љупчо Николовски.

– Овој скандал го потврдија директно заменик министерот Ванчо Костадиновски и директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство, Зоран Поповски. Овие функционери, поставени од Груевски, вчера признаа дека минатата година од 2 мај до 17 септември не се вршеле мониторинг програмите предвидени со Законот за безбедност на храната.Овие функционери признаа дека АХВ нема склучено договори со Ветеринарниот факултет, Институтот за јавно здравје и со Фитосанитарната лабораторија. Или, во овие 5 месеци никој во државата не знаел каква храна јадат граѓаните. Дали домати со пестициди, спанаќ со тешки метали, млеко од бруцелозен добиток или имало можно присуство на ГМО храна – рече Николовски.

Според Николовски, од катастрофална негрижа за безбедноста на храната и за здравјето на граѓаните, не бил поштеден никој.

– Не се испитувала ниту храна за доенчиња, храна за медицински цели, ниту лесно расипливите продукти бидејќи токму мониторинг програмите предвидуваат испитувања на овие производи во летните месеци. Скандалот е уштe поголем затоа што половина година се криел од јавноста – изјави Николовски.

Тој појасни дека контролата на храната за која се правда министертвото е само дел од овие мониторинг програми но без земање примероци и вршење на анализи, не може да се знае состојбата со безбедноста на храната.

– За да може сточарот да знае дали има бруцелоза во стадото мора да се земе крв од добитокот и да се даде на анализа во лабораториите за да се испита. Не постои друг начин на контрола.Законот за безбедност на храна е дециден, членот 86 дефинира дека „Активностите поврзани со официјалните контроли се извршуваат со користење на соодветни контролни методи и техники како што се мониторинг, надзор, верификација, аудит, инспекција, земање на примероци и вршење на анализи“ – потсети Николовски.