(ВИДЕО)Куновска: ВМРО-ДПМНЕ нареди забрана на трансплантации и загрози пациенти

0
870

„Центар за извонредност не се станува со декрет на Влада или по нечија желба. А притоа не смееме да ги затвораме очите како членови на ова Собрание дека заради наредбата да се престане со трансплантации на бубрези на Клиниката за урологија, веќе имаме случаи каде веќе се починати луѓе на кои што им се потребни овие трансплантации. Но, ете оваа фаза која што насила ја турка владејачкото мнозинство спремна е и такви жртви да поднесува“, рече денеска пратеничката Софија Куновска во однос на дополнетиот предлог на закон за Центар за извонредност за трансплантациона медицина и хируршки болести.