(ВИДЕО)Кочо Стојчески: Ако ВМРО-ДПМНЕ не ја урне дивоизградената тераса за 30 дена, ќе се бара полициска асистенција

0
2233

“ВМРО – ДПМНЕ има рок од 30 дена да ја урне дивоизградената тераса на партиското седиште, во спротивно општина Центар ќе побара асистенција од полицијата за уривање на објектот“, ова го кажа Кочо Стојчески, Раководител на Секторот за инспекциски работи во општината, пренесува А1он.

По предлог на овластениот градежен инспектор на општина Центар, градоначалникот на општината го поништи решението во тек на градба за седиштето за објектот на ул. “Ѓуро Стругар“ ББ, во кој едниот дел е наменет за деловни дејности, а другиот е хотелски комплекс. Објектот за деловни дејности е, всушност, седиштето на партијата ВМРО-ДПМНЕ. По одлуката на градоначалникот, ќе следува решение за отстранување на диво-изградената тераса.

“Од извршениот увид во документацијата, можеме да констатираме дека инвеститорот ‘Бетон’ има доставено до Град Скопје проект и техничка документација за таканаречената нивна ‘настрешница’ или како што се гледа од приложеното, станува збор за тераса.

По увидот извршен констатиравме дека издаденото решение за измени во тек на градба е спротивно на позитивните законски прописи во Р. Македонија и затоа доставивме предлог до градоначалникот на општина Центар, истото решение да го поништи. На едниот цртеж од објектот јасно се гледа дека на дивоизградениот објект горе, се гледа човек и на вториот цртеж, има влезна врата. Од цртежите јасно се гледа дека Град Скопје дал решение за тераса, а не за настрешница“, рече Стојчески.

Видеото ОВДЕ