(ВИДЕО)Заев за ТВ Шења: Фабрика за фиктивни лични карти е во МВР, издадени се илјадници !

0
1869

Во интервју за телевизијата Шења лидeрот на опозицијата Зоран Заев  гостуваше во емисијата „Нов пат“ со Мухамед Зеќири каде тврдеше дека истрагата допрва ќе ја открие вистината за личните карти, дека од врвот на МВР се добивале наредби за издавање незаконски, без место на живење на илјадници лица за гласање на избори.

Заев во интервјуто зборува за оддолговлекувањето со имплементација на договорот во Пржино.

-Не сме наивни на Груевски да му дозволиме избори какви што правеше – вели Заев.