(ВИДЕО)Заев во Илинден: Илјадници фантомски гласачи има и овде, затоа не сакаат чист список

0
934

Дојдовме за да ти покажеме дека ја имаш нашата поддршка и со тебе сме – со овие зборови жителите на Илинден го пречекаа претседателот на СДСМ, Зоран Заев.

Илинден е развиена општина, има Пречистителна станица и амбуланта само во медиумите под контрола на Груевски и ВМРО-ДПМНЕ. Во реалноста луѓето не можат да се доискажат, со какви проблеми се соочуваат.

Собраните жители кај Пречистителната станица се жалат дека приклучени се само 90, од 2.500 куќи во селото. Лага е дека проблемот со канализацијата им е решен.

Други во село Илинден се жалат дека немаат амбуланта во којашто можат да ги добијат елементарните здравствени услуги, а во сабота и недела воопшто немаат лекар.

105-IMG_1189-001

Мајка се жали дека не може да го даде детето во градинка кое нема кој да и го чува. Градинката собира 60 дечиња, а има потреба за згрижување на 400 деца таму.

Друга мајка жали дека во училиштето во иста паралелка учат повеќе деца со попреченост и со нив работи само 1 дефектолог, што е спротивно на законот.

Земјоделец се жали дека власта на Груевски им ја земала нината земја и за по едно евро ја дале на луѓе од ВМРО-ДПМНЕ кои станале олигарси на грбот на осиромашените.

-Ова лажливо општество мора да го прекинеме и нема кој друг ако не ние заедно. Со народни пари ги лажат луѓето по телевизиите. И самите кажувате дека ниеден проект со којшто се фалат не функционира. Украдоа милиони евра пари на граѓаните за тендери и сопствени интереси, но тие пари ќе мора да ги вратат, рече претседателот Заев.

Во село Марино човек кој работи со превоз кажува што им се случува од расипничката локална власт.

“Ме казнија со 5.000 евра за несоодветно паркирање на камионите, а паркинг тука нема. Ми велат ќе одиш во Аеродром. А јас плаќам 50.000 евра за регистрација секоја година, зошто тука да нема паркинг“ реагира еден човек.

И жителите на Марино немаат одвод во 21-от век.

Бабичка која беше излезена да ја сподели маката вели дека децата и се во странство, живее сама, а со пензијата не може да си ги купи само лековите.

031-IMG_1119

“Лажат за вработувањата. Само 80-90 млади луѓе во оваа општина седат невработени. Другите заминуваат во странство“ зборуваат во очај жители.

Претседателот Заев објасни некои од мерките во Програмата на СДСМ што имаат за цел враќање на парите кон граѓаните, што наидува на олеснување на лицата на луѓето. Им рече дека власта на Груевски како ранет лав не прифаќа прочистување на Избирачкиот список затоа што се фатени во криминалот што го правеле.

-Илјадници фантомски гласачи имало и овде во Илинден и овој регион. Затоа од прочистен Избирачки список и од објективно известување на медиумите нема да се откажеме. Мора да има фер и регуларни избори, а на тие избори власта ќе биде сменета и СДСМ ќе ја добие честа да ја води државата. Од вас ја црпеме силата, издржете, ова е крајот на криминално-корупциската власт што им одзеде 10 години живот на граѓаните на Република Македонија, порачаа претседателот Зоран Заев и претставниците на СДСМ при денешната посета на општината Илинден.