(ВИДЕО)Буџетот е издишан: Нема дневници за војниците на граница!

0
1018

Нема дневници за професионалните војници ангажирани на македонско-грчкиот појас. Исплатата не е редовна а кај дел од ангажираните доцни и по четири месеци, обвинуваат војниците, пренесува 24 Вести.

Министерството за одбрана пак го тврди спротивното, неодамна во дописот до 24 вести велат дека тие редовно се исплаќаат. На граничниот појас ангажирани се околу 100 професионални војници кои заедно со полицајците го обезбедуваат преминот од бранот мигранти. Некогаш дежураат и по една недела непрекинато а покрај нередовната исплата велат и условите за работа се никакви, сместени во подруми без вода и струја.

Иако на терен со исти работни задачи како полицијата војниците се жалат дека нивната дневница изнесува 610 денари и е половина од полициската и не се исплаќа редовно. Револтирани се на премиерот Никола Груевски кој по случувањата во Куманово најави поголеми плати за униформираните припадници на МВР и безбедносните сили, сепак професионалните војници не се во оваа категорија.

Меѓу постоечките проблеми со недоволно храна и греење во касарните како и недоволно количество вода во касарната во Петровец каде постоечката е неисправна за пиење, војниците се соочуваат и со неисправни возила и искинати униформи и обувки. Од министерството велат дека тековно ги решаваат проблемите кај професионалните војници но не кажуваат зошто досега не се решени оние кои се повторуваат секоја година.

http://www.dailymotion.com/video/x3g02ej_kiki-profesionalni-vojnici-nemaat-dnevnici-28-11_news#tab_embed