(ВИДЕО)Џенифер Лоренс: Морав да пијам за да ја снимам првата секс сцена

0
1654

dzen1-630x478

Џенифер Лоренс неодамна ја снимила својата прва секс сцена, а за сè да мине во најдобар ред, пред снимањето со Крис Прат, таа добро се напила.

Во интервјуто за Hollywood Reporter, Џенифер рекла дека никогаш ништо не одбива на снимањето на филмовите, но снимањето на секс сцената за неа било “премногу бизарно”.

-Многу се напив, а тоа направи да се чувствувам уште полошо кога си дојдов дома. Зошто го направив тоа? Не знам, ми се вртеше низ главата. А тој è и оженет. Тоа беше прв пат да бакнам оженет човек, а вината е најлошо чувство. Знам дека тоа ми е работа, но не можев да му го објаснам тоа на својот желудник. Ѝ се јавив на мајка ми за да ми каже дека сè е во ред. Бев многу ранлива, не знаев дали ќе претерам. Сакате сè да биде реално, сакате да го направите тоа реално, а потоа…Тогаш се чувствува најранливо до тогаш, рекла актерката.

Во последното издание на “The Tonight Show”, таа ги раскажала и своите најнепријатни моменти.