Британскиот амбасадор Гарет се ШОКИРА: Што е ова со амнестијата за изборни измами?

0
1563

Само што слета во Скопје, по средбата во Лондон со министерот за Европа, Дејвид Лидингтон, британскиот амбасадор во Македонија, Чарлс Гарет, со слика од скопскиот аеродром „твитна“ прашање: „Што се овие информации за активирање на амнестијата за изборни измами?“, пренесува „Мета“.

Твитер-заедницата веднаш го затрупа британскиот дипломат со одговори од типот „Добредојде во реалноста“, „Тоа ти е Дуинг бизнис во стилот на ВМРО“, „Си замина од Македонија, но се врати во Грујостан!“, „Тоа е само уште еден обид да си ги спасат главите и да украдат уште едни избори“, „Те молам немој пак да си одиш, ќе збудалат“, „Да, многу се смени од вчера. Добредојде назад во поранешна демократска република Македонија. На здравје“.