Бошкоски покажа транскрипти за негово местење во „Ровер“, па обвинителката се повлече!

0
1058

Обвинителката Лидија Раичевиќ- Вучкова во случајот „Ровер“ против поранешниот министер за внатрешни работи Љубе Бошковски, соопшти дека се повлекува од овој случај, пренесе Телма.

Оваа одлука следуваше откако Бошковски презентирање транскрипти и УСБ за кои тврдеше дека содржат разговори кои докажуваат дека како се мести неговото апсење за Ровер, додавајќи дека истите преку својот адвокат ќе ги достави до специјалната јавна обвинителка Катица Јанева.

Ова е по трет пат случајот „Ровер“ да влезе во судските сали, откако Апелација двапати ја укина простепената пресуда заради низа пропусти и неутврдена фактичка состојба.

Според пресудата на Кривичниот суд, Предраг Чубрило, Милан Илиќ и Милорад Ковачевиќ добија казна доживотен затвор, Вук Вукичевиќ доби 15 години затвор, првиот човек на обезбедувањето на Бошкоски, инспекторот Зоран Трајковски доби осум години и шест месеци, по седум добија Сашко Јовановски и Ивица Ристиќ, а по пет години и шест месеци Гоце Митревски и Никола Негриевски. Во случајот за убиството на Тушевски и Јанев Љубе Бошковски беше осуден на казна затвор 10 години и шест месеци.