Бејли на Твитер: Загрижен сум поради пробивањето на рокот за избор на членови на ДИК

0
935

Американскиот амбасадор Џес Бејли преку својот Твитер профил ја изрази загриженоста поради пробивањето на роковите назначени со Договорот од Пржино.

– Загрижен сум поради тоа што рокот за назначување на Државната изборна комисија (ДИК) е пропуштен. Независноста, искуството и експертизата треба да бидат критериум за избор на непартиските претставници. Дик има многу работа да направи пред април Времето е многу кратко – напиша американскиот амбасадор на социјалната мрежа „Твитер“.

bejli tw