БРЕЕЈ, И МИРКА СЕ ПРЕТЕРА: Го нарече Хари Костов нарачател на убиство, манијак, крвник, садист, психопат, манијак, со генски фалинки и психијатриски случај?!?!?!

0
4307

И ние на Народен Глас ич не сме фини, ама во колумна во еден од најстарите и најчитаните весници да го наречеш директорот на најголемата банка нарачател на убиство, крвник, садист. психопат, генски предодреден за садизам и психијатриски случај, сељак, предавник, итн итн е навистина невиден скандал!

Се чини колумната на Мирка во Дневник која претходно одби да ја објави Нова Македонија е директна нарачка на Груевски и нема да не изненади ако била пишувана во кабинетот на Груевски со помош на Мартин Протуѓер.

Хари во колумната е нападнат жестоко поради ставот дека во Македонија треба да има валутен борд кој ќе менаџира со јавните пари инаку ни се заканува банкрот. На ова Мирка реагира дека Хари ќе сакал да ни ги украде парите?!?! Не Грујо кој е фатен жив како краде за плацеви и како договара провизии, туку Хари ќе не украл иако човекот си е директор во најголемата банка и има плата од 5 до 10 000 евра месечно!?

Во колумната на почетокот со цел да го омаловажат се спомнува фактот дека Хари е по потекло од село Пишица (што е чудно нели ДПМНЕ беше селска партија?! од каде е сега навреда да си од село) па Хари се споредува со шефот на бугарската полиција во втора светска војна во Скопје, извесен Мане Мачков кој бил невиден крвник и манијак и кој потоа бил убиен од партизаните, па потоа Мирка вели дека генски предодреден?! за садизам, па се обвинува дека соработува со некакви странски мрачни сили за унишување на Македонија, па потоа Мирка го обвинува Хари дека им бил книговодител на транзициските олигарси, па се обвинува за територијалната поделба, па дека бил ловец на диви свињи и на крај дека го наредил убиството на Диме Поштарот и со тоа имал крв на рацете.

Инаку Диме Ицковски – Поштарот бил криминалец од село Булачани, општина Бутел кој во 2003-та буквално и објавил војна на полицијата и бегал од полицијата со денови, пукал и ранувал полицајци а имало потерница по него поради оружени грабежи и убид за убиство, па во обид да се уапси тој почнал да пука по што бил убиен. Хари тогаш беше министер за внатрешни работи. Еве што пишувале медиумите тогаш за тој случај:

dime poshtar 1 dime poshtar 2 dime poshtarot 3

Инаку ова што сега му се случи на Хари Костов пред некое време му се случи и на Петар Гошев. И тој беше исплукан јавно по критиките кон Груевски. Се чини дека Груја има српемен одрен од плукачи кои само чекаат некој кредибилен човек да го искритикува и да ги пушти кучињата да го плукаат и дрпаат на јавна сцена и да фрлаат по оној кој се дрзнал да го искритикува Грујо се што ќе им текне, да извртуваат стари приказни и да ги нарекуваат лопови, убијци, манијаци, психопати итн се со цел да му го намалат угледот и со тоа да го одбијат нападот кон Груевски.

Ова е порака до сите идни бизнисмени писатели екс функцонери угледни луѓе да си седат мирни инаку ќе ги снајде иста ваква работа. Опасен, опасен диктатор е Груевски, нема заебаннција со ова смешно но многу подло човече!