БОМБА на Ричард Ховит за Телма: Од високи кругови во САД пренесено ми е дека на Груевски во Вашингтон му се упатени многу строги пораки!

0
1460

На премиерот Груевски во Вашингтон му се упатени многу строги пораки, изјави за Телма европратеникот Ховит, повикувајќи се на свои извори во амриканскиот Стејт Департмент.

Ховит тврди дека Брисел и Вашингтон имаат ист став за тоа што треба да се менува во Македонија.

Две работи. Разбирам дека господинот Груевски како партиски лидер пред избори има потреба да биде виден во САД на средба со потпретседателот, нема штета за мојата репутација, за мојот имиџ и на мојата земја, јас сум политичар.

Можам да разберам зошто го прави тоа. Но она што електоратот во оваа земја треба да го разбере е дека ЕУ многу блиску соработува со Американците и имаме заеднични ставови за темелните промени што треба да се направат во земјата. Дали тоа е искоренување на злоупотребите и напредок кон демократија, и се надеваме кон евроатлантската перспектива.

Луѓето велат дека тоа го сакаат, политичарите велат дека сакаат, но потоа преземаат спротивни активности. Знам од моите разговори со Стејт Департментот дека пораките што госпдоинот Греувски ги добил во Вашингтон се многу строги пораки и исти пораки кои му ги кажуваме нему и на другите партии тука во Скопје.

Меѓународната заедница е обединета. Во оваа земја има сериозни злоупотреби Основните демократски принципи се прекршени. Евроатлантската агенда не се почитува и не се спроведува искрено. Затоа е потребна целосна имплементација на Договорот од Пржино како чекор кон огромна промена во начинот на владеењето со земјата со визија што луѓето ја заслужуваат, рече Ховит за Телма.

Целосното интервју на европратеникот Ховит Телма ќе го емитува во вестите во 18.30.