БОМБА НА ЗАЕВ: Изборите најверојатно ќе ги одложиме за во септември!

0
1308

Лидерот на СДСМ ниту ги потврдува ниту, пак, ги демантира се погласните шпекулации дека предвремените парламентарни избори ќе се одржат кон крајот на јуни оваа година.

Во изјавата за Мета тој дури на маса става дека „можеби ќе заклучиме дека септември е идеален датум“, но потенцира дека сé уште нема договор за поместување на изборите и, како што вели, за таа одлука треба да разговараат сите потписници на Договорот од Пржино на средбата со еврокомесарот за проширување и меѓусоседска политика, Јоханес Хан во Скопје.

– Засега нема конкретен договор за поместување на изборите закажани за 24 април. Можеби во општинските организации сме разговарале за роковите до кога би се прочистил Избирачкиот список или би се нашол договор за медиумите. За конкретни датуми ќе разговараме на средбата со Јоханес Хан во Скопје, но, тоа не значи дека изборите не можат да се одржат во април или во јуни. Можеби ќе заклучиме дека идеално за одржување на изборите ќе биде септември. Сепак за тоа треба да разговараме со еврокомесарот во Скопје и со останатите партии потписнички на Договорот од Пржино. Ако добијам, пак, цврсти гаранции дека изборите ќе бидат фер и демократски, тие можат да се одржат и на 24 април – изјави за Мета, лидерот на СДСМ Зоран Заев.

Во текот на неделата се очекува во Скопје да допатува еврокомесарот Јоханес Хан, кој треба да ја утврди состојбата со исполнувањето на договореното од Пржино.