(ВИДЕО) БОМБАСТИЧНА ЗАКАНА НА ЗАЕВ ЗА НОВА ТВ : На триумфалната капија ке поставиме бројчаник кој што ќе ги прикажува парите кои се конфискувани од криминалците на ВМРО-ДПМНЕ и ке се вракаат во буџетот…“

0
1261

Сите украдени народни пари, треба да бидат вратени назад на државата. Од 2007.ма до сега се изнесени околу 5 милијарди 150 илјади евра народни пари, кои се украдени од државата.

Screenshot_1

Постојните закони во државата се јасни дека кривично дело кое е докажано со судска пресуда, каде што има украдени народни пари се конфискува имотот кој е незаконски стекнат. Поради тоа СДСМ ќе изгради еден споменик на Триумфалната капија преку кој ќе регистрира како се враќаат народните пари, рече вечерва лидерот на опоцијата Зоран Заев на НОВА ДЕБАТА.

„ На Трујумфалната капија ќе поставиме еден бројчаник, како Агенцијата за запленет имот ќе продаде имот и ќе врати пари во буџетот, така ќе заврти бројчаникот. Тоа ќе биде споменикот со кој ние ќе допринесеме во оваа болумента од споменици во централното јадро на нашиот град дека се што е украдено ќе се врати, согласно законските постапки и Уставот, ако тоа секако с е докаже. Јас верувам дека има огромни основи за лесно да се докаже и да се вратат најголем процент , ако може и 100 проценти од сите украдени пари во Македонија, изјави лидерот на опозицијата Зоран Заев, одговарајќи на прашања на граѓаните и на корисниците на социјалните мрежи Твитер и Фејсбук.

Целата дебата погледнете ја на НОВА на следниот линк ОВДЕ.