Ахмети: Не се одземаат животи во име на религија

0
1328

Јас сум вознемирен од страшниот терористички чин во Париз, одземањето на нечиј живот и овие терористички акти, не се прават во име на која било националност, ниту една раса, ниту религија, но се акти на лудило кое заслужува поголема казна и не се вклопува во нашиот поглед на светот, се вели во соопштението со сочувството што лидерот на ДУИ Али Ахмети го испраќа до францускиот народ.

„Франција и францускиот народ ќе го надминат овој напад над нашиот начин на живот заедно со сите нас кои го сакаме мирот, толеранцијата, соживотот и разбирањето, а не меѓучовечка омраза. Дозволете ми да им изразам искрено сочувство на семејствата на загинатите од вчерашниот грозен напад во Париз додека на повредените да им посакам брзо закрепнување и враќање покрај нивните семејства“, вели Ахмети.