Ахмети: Нема попис додека не се реформира Завод за статистика

0
974

Лидерот на Демократска унија за интеграција, Али Ахмети изјави дека во Македонија и наредните години нема да има попис на население, се додека не се реформира Државниот завод за статистика, пренесе ТВ21.

Како што информираат медиумите, Ахмети рекол дека не знае дали во следните години ќе има услови за попис. Тој нема доверба во Државниот завод за статистика , затоа што таму нема експерти Албанци на раководните позиции.