Али Ахмети и Мендух Тачи заедно му го ЗАРИЈАА НОЖОТ НА ГРУЈО: Иницијативата за отповикување на одлуката за распуштање на Собранието ја потпишаа 26 пратеници на ДУИ и ДПА!

0
1151

Иницијативата на ДУИ за отповикување на одлуката за распуштање на Собранието ја потпишаа 26 пратеници од ДУИ и ДПА, вклучувајќи ги и лидерите на двете партии, Али Ахмети и Мендух Тачи, изјави за Телма, пратеникот на ДУИ, Артан Груби.

Се очекува иницијативата да биде доставена до спикерот на Собранието, Трајко Велјановски, кои потоа треба да одлучи кога ќе свика седница.

За да биде повлечена одлуката за распуштање на Собранието, треба да гласаат најмалку 62 пратеници.

За пролонгирање на терминот од 24 април е потребно и менување на Изборниот законик, бидејќи во преодните одредби е наведено дека предвремените избори ќе се одржат на 24 април.