„Алибаба“ со рекордна он-лајн продажба од 14,3 милијарди долари

0
1319

Кинеската компанија „Алибаба“ вчера за време на 24-часовната акција оствари вкупно 710 милиони наплати на стока, а речиси 86.000 продажби во секунда, што е досега незабележан успех во онлајн продажбата.

Најголемата светска компанија за онлајн трговија вчера по повод Денот на самците во Кина организира фестивал на продажба со намалени цени и оствари вкупна продажба во вредност од 14,3 милијарди долари.

Годинешниот промет на интернет страницата alibaba.com е за 60 отсто поголем во однос на продажбата остварена истиот ден минатата година.

Најпродавана стока биле мобилни телефони, часовници, телевизори, млеко, мед и слатки.

Сопственикот на компанијата Џек Ма изрази надеж дека Денот на самците, кој традиционално се прославува во Кина на 11 ноември, ќе добие глобален карактер и најави дека вчерашната продажба ќе конкурира за влез во Гинисовата книга на рекорди.