Адеми најави Студентски дом за ДУТ и нов објект на Медицинскиот факултет

0
1384

ademi st

Нов студентски дом во Тетово наменет за Државниот универзитет во Тетово (ДУТ) и нова зграда за Медицинскиот факултет на овој универзитет најави  министерот за образование и наука, Абдилаќим Адеми, денеска во Тетово, јави МИА

Тој рече дека е донесена одлуката на Владата, како и дека проектот за студентски дом на ДУТ му бил еден од врвните приоритети.

– ДУТ ќе стане поатрактивен, не само за студентите од Македонија, туку и за студентите од регионот, Албанија и Косово – рече Адеми.

За новиот објект на Медицинскиот факултет при ДУТ од буџетот на МОН се обезбедени 2,5 милиони евра.

Овие најави доаѓаат во период кога подолго време студентите се жалат дека многу бавно се одвива реновирањето на најголемиот студентски дом во земјава, „Гоце Делчев“ во Скопје.