Автомобилот во кој се возел министерот Незири прегазил мајка и дете кои преминувале улица

0
1129

Вчера попладне околу 14 на мостот „Гоце Делчев“ во близина на владата, автомобил во сопственост на Министерството за економија, во кој бил министерот Беким Незири управуван од неговиот возач, прегазил мајка со дете на возраст од осум години, кои се обидувале да ја преминат улицата, објави порталот FAKTE.Net и уште неколку портали на албански јазик.

Како што стои во новинарските извештаи, од полицијата известиле дека случајот е пријавен, и дека детето и мајката се префрлени во болница, но за среќа не се во животна опасност.