Екс-директорот на Агенцијата за спречување на перење на пари, а сега обвинет во акцијата „Шпион“, Ване Цветанов, гостуваше во емисијата „Стадион“ на радио Канал 77, каде одговараше на прашања од слушатели.
Едно од нив беше за фирмите на Заеви.
– Бев дел од постапката во која се испитуваше имотот на целата фамилија Заев и најодговорно тврдам дека не беше најден никаков криминал, никакво прекршување на закон, затоа што ако беше пронајдено било што ќе се настапеше на најжесток начин – рече Цветанов.