АНАЛИЗА: Економијата преку бројки – стандард, невработеност, инвестиции!

0
1413

За три години бројот на сиромашни семејства составени од четири члена е зголемен за нови 10 000. Сиромаштијата на ниво на земјата се намалува, но и натаму секој четврти граѓанин не може да ги задоволи основните животни потреби. Од друга страна, Владата објави дека невработеноста е на историско најниско ниво, само  преку проектот “Македонија вработува” се вработиле 11 000 луѓе. Порталб анализира како изгледаше економската 2015 година преку призмата на бројите?

СТАНДАРД: 51,1% од четиричлените семејства – во сиромаштија!

Се намали вкупниот број на сиромашни лица, но се продлабочи сиромаштијата кај просечните четиричлени семејства. На ниво на земјата, стапката на сиромаштија изнесува 22,1% но и натаму во големата слика, секој четврти граѓанин не може да ги задоволи основните животни потреби. Според последните податоци од истражувањето Лаекен индикатор, дури 51,1% од домаќинствата со двајца возрасни и две малолетни деца живеат под праг на сиромаштија, н она што е алармантно е дека бројот на овој вид на сиромашни домаќинства е зголемен за 2% во однос на 2013 година.

Анализата на податоците што ја направи “Порталб” покажува дека само за три години бројот на сиромашни домаќинства се зголемил за нови 10 000. Еве како се движеше трендот на осиромашување на семејствата:

2012  година      141 120 домаќинства

2013 година       147 578 домаќинства

2014 година       151 043 домаќинства

Со овие стапки на сиромаштија од една страна, и со трендот на раст на економијата од друга страна, Македонија и натаму останува во групата на најсиромашни економии чии граѓани имаат само 36% од европскиот стандард.

 НЕВРАБОТЕНОСТ: Историски најниска стапка од 25,5% .. .

Во годината што измина во Македонија  е измерна историски најниска стапка на невработеност, или заклучно со третиот квартал од 2015 година, невработеноста се намали на 25,5%. Пред една деценија, стапката на невработеност изнесуваше 30,9%.  Ако се стесни опсегот на анализиран период,  за  пет години, бројот на неврботени се намалил за 52 100 илјади лица, а во истиот период пак бројот на вработени се зголемил за 51 800 луѓе. Според Владата трендот на зголемување на вработеноста е резултат на актуелните економски политики. Дел од економистите оценуваат  дека состојбата зависи од повеќе фактори, меѓу кои и “легализирање” на дел од вработувањата на црно но и исселувањето на работоспособното население

Во земјава има вкупно 711 380 вработени лица, од кои 555 554 се во приватниот сектор а 155 826 се во “друга сопственост”, во која доминира државниот сектор. Во споредба со состојбата на крајот на 2014 година, регистрирано е зголемување  на бројот на вработени нешто повеќе од 15 илјади. Економскиот истражувач Бранимир Јовановиќ  неодамна оцени  дека растот на вработеноста што го регистрираше државниот Завод за статистика се објаснува не со “нови” вработувања туку со премин на веќе ангажираните работници од неформалната во формалната економија.

“Mоето објаснување е дека овој раст се должи на премин од неформална во формална вработеност, т.е. на намалување на сивата економија. Добро е познато дека сивата економија е најмногу застапена во трговијата. Тие што до сега не била пријавени, одеднаш ги пријавиле. Ова е во согласност со оној мој труд во кој аргументирам дека една од главните причини за намалувањето на невработеноста во времето на оваа влада е токму преминот од неформална во формална вработеност”, вели за Порталб Јовановиќ.

Од друга страна, сепак Владата не запре со промовирање на различни мерки кои директно ги засегаат невработените. Според владини информации, само преку проектот ” Макеоднија вработува”, се  вработиле скоро 11 000 луѓе, односно поволностите што се нудат ги искористиле 6 600 компании. Крајната цел на овој проект е да се вработат 150 000 лица.

ИНВЕСТИЦИИ: Салдо oд 116 милиони евра, инвестициите во пад?

Последните располжливи податци од надлежните институции не навестуваат оптимизам за инвестициската 2015 година. Заклучно со октомври вкупно салдо на странски директни инвестиции изнесувало 116 милиони евра и во споредба со лани, истиот период е регистриран пад за 38 милиони евра. Според мерењата од Народната Банка, во третиот квартал вредноста на странските инвестиции изнесувала само 0,2% од БДП, што е рекордно најниско ниво регистрирано во текот на годината. Овие показатели се испорачани во година во која владата продолжи со познатите роуд шоуа и промоции на Македонија како атрактивна инвестициска дестинација. Сепак, додека се промовираа нови странски инвеститори, дел од домашните стопанственици не отстапија од забелешките дека влезот на странските инвеститори е поддржан на нетранспарентен начин со буџетски пари.

“Секоја странска инвестиција во нашата земја е добродојдена бидјеќи освен што  носат капитал, тие со себе носат и знаење и технологија што се многу важни за економскиот развој на Македонија. Секако дека за да прфункционира една демократска држава најважен елемент е транспарентноста а која во овој случај ја нема бидејќи Владата едно промовира а друго работи. И без овие “дискрециони финансирања” домашниот приватен сектор се дискриминира со преголемиот сет на мерки на олеснувања што се прават за странските инвеститори, но оваа состојба со субвениционирање на странските компании продолжува”, изјави неодамна за Порталб, претседателот на комората Неби Ноџа.

Највисоко салдо  на странски инвестиции од скоро 507 милиони евра е измерен во  2007 ма та година, кога инвестициите достигнале 8,3% од БДП. Оттогаш до сеганиво се намалува. Така, во 2009 та и 2010 година тие изнесуваат околу 2% од БДП. Благо зголемување има во 2011 та година на 4,6% од БДП и потоа повторно пад во 2012 та година салдо на странски инвестиции од 117,3 милиони евра или 1,5% од БДП. Следните две години,  2013 и 2014 инвестициите се движат околу 3,3% од БДП.

Годинава, според новите буџетски проекции се очекува економски раст од 4%