Ќерка сум на кафански пеач!

0
2078

И до таму отидовте, сум била ќерка на кафански пеач, дали некој знае колку е тежок кафанскиот леб? Мојот татко пее и кога му се плаче, пее и кога сме болни, пее секој ден и за бадник и за божиќ 25 години, за да не прехрани сите четворица. Имам уште две сестри и еден брат. Мојот татко имам 22 години и сеуште го прашувам за излез, до колку, каде одам?

Од почит. Јас од себе не бегам никогаш. Ќе бидам истепана на улица, е ако де, ама за што да ве прашам? Јас реалноста ја гледам како таква, работев како келнер и паралелно учев факултет. Зад шанк го читав Аристотел и служев старлети и градски фаци. Спиев по четири саата. Ама не кукам и не се жалам,има многу како мене, Ме направивте курва, ако де навредата ја примаш од луѓе кои те познават. Од кога комуњарите веруваат во бог ми пишува една госпоѓа, не знам комуњарите од кога, јас од како знам за себе.

И ајде по не знам кој пат да се изјаснам не сум неопределена, немам ни книшка во СДСМ, но сум симпатизер на таа партија, зошто моментално не постои подобра опција, и зошто верувам во промени, не верувам, туку на политички план го допревме дното, ме осудивте за сликата со Заев, ама тој човек мене ми ја сервираше вистината на тацна, јас имам уши бе луѓе и слушнав се! Јас имам свест бе луѓе и знам во која мизерија сме.

Вашите лајкови, навреди, ми удривте по семејството не ме болеа, ме болеше секоја порака од мајка на која детето и заминало некаде. Мојот образ е чист! Мојата совест е чиста… На луѓето им се здосади да читаат нарачани текстови во официјален стил, затоа допре мојот текст, зошто го пишував како што се чуствував.

Ве прашувам дали јас да се срамам што имам татко кафански пеач или вие што душата ја продадовте?

Да ви се живи на сите татковците

Фејсбук статус на Драгана Костич