Јани Макрадули: Уште во 2006-та ВМРО-ДПМНЕ влезе во сеча на УКИМ како реваншизам за сите слаби оценки и паѓања како последица на нивното неучење и незнаење

0
1399

Ги сечеше професорите преку лоши закони и послушни ректори. Ги сечеше деканите кога како попчиња наставата ја почнуваа во црква со литургија каде деканите се натпреваруваа кој поголем пешкир и масло ќе му донесе на Груевски. Се обиде да ги исече студентите ама не му успеа, тие покажаа колку се паметни и пред се слободни во своите мисли наспроти заробениот ум на многу наши сограѓани. За казна Груевски ќе ги окова во барок, а тоа како и секогаш почнува со сеча на дрва. Дрвата им се криви зошто биле дрва на факултет. А воздухот што не гуши без дрва, не и смета на власта, таа и така дише онака како што работат синусите на премиерот…

12289747_10153714153398150_6303552789051282789_n